05 Декември, 2025
0.0533

ПОРАДИ КОРОНАТА СЕ ЗАТВОРИВМЕ ДОМА: Конечно малку почист воздух во Македонија

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Април, 2020 06:46

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани откако почна коронакризата се дома, движењето е сведено на минимум, а  имаме и за нијанса почист воздух за разлика од претходно.

Ако се погледнат податоците од мерните станици, повеќето градови се обоени со зелена боја, односно имаат ниско или многу ниско загаден воздух.

Но, исклучок има кај два – три града.

Сепак деновиве Скопје беше 18-ти најзагаден град во светот, a високо загаден воздух имаше и во Битола.

Средно загаден воздух дишеа жителите на Кавадарци, а другите општини беа во подобра состојба.

Од ден во ден состојбата се менува.

Светлана Станојковска, екологист вели дека во време на полициски час кога сите седат дома и нема кој да пријави, загадувачите се релаксирани.

„За време на полициски час можат да се движат само вработени во полиција , здравствени работници и армијата. Тешко може да се даде проценка кога чист воздух, поготово после пандемијата“, вели таа.

Љубица Балојални од „Еко жена“ од Битола вели дека мерките за забрана за движење дадоа ефект и во однос на почист воздух.

„Апсолутно, тоа што граѓаните се дома доведе во почист воздух, а се знае дека Битола е преполна со автомобили. Сега нема издувни гасови во воздухот. Во текот на летото ќе биде подобро, ќе имаме почист воздух, посeбно затоа што ние го имаме Пелистер, и тој ги претставува нашите бели дробови“, рече Балојани.

Оваа зима Скопје беше високо загаден.

Повеќе пати беше во топ 5 и во топ 10 најзагадени градови во светот.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите