Поради коронавирусот Ниш е на раб на катастрофа
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 04 Март, 2021
Соседна Србија е пред затворање, а ситуацијата со коронавирусот во српскиот град Ниш е на раб на катастрофа.
Тестираните се 679 луѓе, а позитивни резултати добиле 242. Штабот за вонредни ситуации оцени дека „епидемиолошката состојба е вонредна со закана да мине во катастрофална“. Дека се бележи најостар раст на бројот на новозаболени во Ниш од почетокот на пандемијата, говори и градскиот Штаб за вонредни состојби. Градскиот Штаб наложи затворање на автопазарот, засилена е работата на комуналната полиција и на комуналните инспектори. Пред 10 дена во градот имаше 100 новозаболени, бројка што вчера беше скоро 250.
Вирусологот и микробиологот Миланко Шеклер вели дека го поддржува предлогот на медицинскиот дел на Кризниот штаб на Србија за целосно затворање и дека се надева дека предлогот ќе биде усвоен.
„Се согласувам и ги поддржувам сите мерки предложени од медицинскиот дел на Кризниот штаб. Се надевам дека економскиот или немедицинскиот дел од кризниот штаб ќе ги усвои на следната седница. Останува да се види дали ќе победат парите или животот“, изјави Шеклер за ТВ К1.
Како пример, тој го наведе Израел, кој беше заклучен додека се спроведуваше имунизацијата, со цел да се спречат контактите и да не пропадне масовната вакцинација.фото Википедија
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.