Поради новите соеви има опасност од појава на „пандемија во пандемија“
Објавено во: Свет, Корона Вирус 08 Март, 2021
Поради новите соеви на коронавирусот, можно е да се случи пандемија во пандемија. Aвстрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер, предупреди на опасноста од пандемија во пандемија. Тој смета дека по Веглиден ќе биде полесно, затоа што луѓето нема да седат во затворени простории, а и вакцинацијата дотогаш ќе напредне.
Британскиот сој е причина за заболувања од коронавирус во 58,4 проценти од случаите во Австрија.
„За Австрија, доминантноста на британскиот вид не е добра вест. Тој е позаразен од основниот вирус, и тоа, во Австрија, за 23 проценти“, нагласи тој.
За само неколку недели, британскиот вид стана доминантен во Австрија, затоа што го потисна претходниот вид, кој во петтата недела од оваа година „држеше“ удел од 61,5 проценти, а во осмата недела „само“ 36,3 проценти. Во Австрија над 8.700 луѓе починаа од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.