Поради пандемијата 16.000 деца во Македонија се втурнати во сиромаштија
Објавено во: Економија, Корона Вирус 30 Јули, 2020
Во земјава 16.000 деца живеат под прагот на сиромаштија поради пандемијата на коронавирусот.
Со вакви податоци излезе канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Ова е состојбата со социјалните и економските ефекти на Ковид-19 врз децата во Македонија.Особени погодено е ромското население.
Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Македонија изјави дека децата индиректно ја чувствуваат кризата предизвикана од пандемијата.
Тоа зависи од финансиската состојба, можностите и условите во кои живеат. Таа вели дека вирусот ја засилил детската сиромаштија во Македонија, при што 16.000 деца живеат под прагот на сиромаштија.
Зголемено е и семејното насилство, додаде Ди Џовани, при што десет отсто од жртвите се деца.
Џовани додаде и дека Ковид-19 ја одложил болничката грижа за мајките и новороденчињата.
Во светот 60 милиони луѓе се екстремно сиромашни поради пандемијата.
На планетата 10.000 деца месечно умираат од глад поради пандемијата.Со ваков податок излегоа од Обединетите нации.
Ова е резултат на ограничувањата наметнати како мерки против ширење на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.