Поради пандемијата Србија го одложи пописот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 22 Март, 2021
Србија го одложи пописот за октомври.
Поради пандемијата на вирусот ковид-19, пописот на населението, домаќинствата и становите, спроведен од Републичкото биро за статистика и закажан за во април, ќе се одложи за октомври, беше потврдено за „Политика“ од националниот завод за статистика. Се смета дека поради пандемијата, најризични делови од пописот се изборот и обуката на околу 20.000 кандидати за инструктори и попишувачи, како и прибирањето на теренски податоци, затоа што 15.000 попишувачи треба да излезат и да го посетат секој стан и куќа и да го попишат целото население во рок од еден месец. За потсетување, во организацијата на Републичкото биро за статистика, во периодот од 1 до 30 април 2019 година, беше организиран пилот попис, во кој беа опфатени околу 20.000 домаќинства и станови, или околу 50.000 жители во 51 општина и град во Србија. Неколку држави во Европа го одложија пописот. Во Македонија пописот ќе се одржи во април.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.