07 Октомври, 2024
0.0278

Поради поинтензивни врнежи се врши максимален испуст на водата од Охридско езеро

Објавено во: Македонија 31 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во врска со најавениот засилен ветар и врнежи во охридската котлина, по одржаната седница на Регионалниот штаб за управување со кризи-Охрид  се донесени заклучоци за преземање на соодветни мерки за превенција.

Се врши максимален испуст на вода од Охридското Езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон Црн Дрим, информираат од  Центарот за управување со кризи.

За состојбата известени се угостителските објекти кои се лоцирани близу крајбрежјето на Охрид и Струга. Исто така, наведуваат од ЦУК, ќе се врши засилена контрола на патниот правец Струга-Дебар во село Луково поради зголемениот истек на вода од испустот на браната Глобочица.

„Состојбата будно се следи од страна на сите субјекти на ЦУК, кои ќе преземаат соодветни мерки за санирање на евентуални настанати ризици и опасности“, соопштуваат од ЦУК.

Поради најавите за врнежи од УХРМ, во кои се вели дека се очекуваат врнежи на дожд во количина од 20 литри на метар квадратен, се стравува од значително зголемување на дотекот на водите.

„Ова ќе предизвика нагло зголемување на дотекот на вода во сливното подрачје на реката Црн Дрим, особено на профилот на браната Глобочица. Најголемите протеци на вода добиени според анализите правени согласно со метеоролошката прогноза се очекува да бидат утре, околу 06 часот изутрина, а ќе траат до попладневните часови, истиот ден кога се очекува стабилизрање на истеците на вода“, велат од ЦУК.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил