Поради редовен сервис викендов ќе биде затворена жичницата на Водно
Објавено во: Мои пари 09 Март, 2013
Жичницата „Милениумски крст“ на Водно денеска и утре нема да работи поради редовен сервис.
Од ЈСП Скопје информираат дека редовната линија од Транспортниот Центар до Средно Водно и обратно ќе сообраќа на 40 минути во периодот од 08:20 до 17:20 часот.
Цената за возење со жичницата е 100 денари, а за деца до 14 години 50 денари, а бесплатно е возењето за пензионерите