Поради руските санкции Zara, Mango и H&M заминуваат од Турција
Објавено во: Балкан 22 Декември, 2015
Три светски познати брендови Zara, Mango и H&M најверојатно заминуваат од Турција.
Тие своите производи на облека од Турција ќе ги префрлат во други земји пишуваат руски медиуми.
Како што е познато тие побарале да се отстранат ознаките „Произведено во Турција“ (Made in Turkey) , од облеката која таму се шие плашејќи се на загуби во продажбите на рускиот пазар.
Се шпекулира дека следната недела Русија ќе ги продолжи санкциите кон Турција, а извор близок до министерството за економија на Русија тврди дека се очекува усвојување на резолуцијата следната недела не исклучувајќи ја можноста на стапување на сила нови санкции до Нова Година.
Драматичните компликации во односите на Турција и Русија настапија откако Турција собори руски бомбардер кој учествувал во операциите на Москва против Исламска држава при што загина еден руски пилот.
После тоа Путин потпиша урдба со која се забранува увоз на бројни турски производи.