Добивај вести на Viber
Поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од Ф – 400 мм на булеварот Гоце Делчев кај црквата Свети Димитрија, ќе има прекин на водата за пиење од 09 часот, па се до отстранување на дефектот.
Како што соопшуваат од регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, без вода утре ќе останат објектите на црквата Свети Димитрија, Комерцијална Банка, Министерството за транспорт и врски и хотелот Стоун Бриџ во Центар.