ПОРАКА ОД МАРШОТ: Македонија е пред ново раѓање
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2016
На големиот граѓански марш пред Собранието денеска беше прочитан манифест од 2016 година.
Кажаа дека Скопје е нагрдено и дека властите се гладни за крв и сакаат граѓаните да ги донесат до питачки стап.
„Денеска дигнавме глава и решивме да се одбраниме од тие ваши и наши душмани. Граѓанки и граѓани, се работи за судбината на нашата земја“ – кажа Ирена Ристиќ.
Ги повикаа и постарите и помладите да им се придружат во нивните редови и да се борат за слобода и просперитет. Кажаа дека се против омраза меѓу граѓаните и иселувањето. Повикаа на единство меѓу сите народи кои живеат во Македонија. Сите корумпирани треба да завршат на суд, рекоа на маршот.
„Македонија е пред ново раѓање, пред ново ослободување. Се додека има фашизам, авторитаризам, борбата за слобода продолжува„ – беше кажано на маршот.
Маршот почна со интонирање на македонската химна.