18 Декември, 2025
0.0470

ПОРАКА ОД САД И ФРАНЦИЈА ДО ВЛАДАТА НА МИЦКОСКИ: „Да се почитуваат меѓународните обврски“

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2024 07:00

Добивај вести на Viber

Франција и САД ја повикуваат новата влада во Северна Македонија да остане фокусирана на патот кон ЕУ и да ги почитува меѓународните обврски, се вели во француско-американскиот патоказ, кој Белата куќа го објави на 8 јуни, по одбележувањето на 80 години од најголемата копнено-воздушно-поморска операција во историјата, Денот Д, за ослободување на Европа од нацистичката окупација.

Белата куќа, како што пренесува Гласот на Америка,  кажа дека Бајден и Макрон се заложиле за Европа - цела, слободна и мирна. „Тие ја повикуваат новата влада во Северна Македонија да остане фокусирана на патот кон ЕУ и да ги почитува своите меѓународни обврски“.

Освен Северна Македонија, патоказот ги спомнува и другите држави на Западен Балкан, како и Украина, НАТО, Блискиот Исток и други региони.

-САД ја поздравија континуираната блиска соработка за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија со цел да се зголеми просперитетот и да се зајакне демократското владеење и владеењето на правото. Тие ја поздравуваат можноста за зајакнување на заедничкиот ангажман на Западен Балкан, вклучително и преку соработката меѓу Европската Унија (ЕУ) и НАТО, дијалогот олеснет од ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и преку поддршка на клучните реформи за интеграција во ЕУ, се вели меѓу другото во информацијата.

Помошник-државниот секретар на САД Џејмс О` Брајан, кога го честиташе изборот на Гордана Сиљановска- Давкова на социјалната мрежа Х, рече дека САД очекуваат да работат со Северна Македонија „на значајни реформи и заеднички цели на патот кон евроатлантската интеграција“.

И заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, во онлајн интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет на крајот на мај, рече дека САД добиле уверување од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе останат посветени на европскиот пат.

Грција го поврза напредокот на државата кон ЕУ со целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно со „употребата на уставното име на земјата“, откако Гордана Сиљановска-Давкова кажа Македонија, а не Северна Македонија, при заклетвата на инаугурацијата за претседател.

Кабинетот на Сиљановска-Давкова веднаш потоа соопшти дека претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, но оти во нејзините јавни настапи „има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и иден премиер кажа дека сите документи и закони ќе ги потпишува со уставното име, но дека во говори нема да користи Северна Македонија.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје