Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол на интензивна нега
Објавено во: Свет 02 Јуни, 2015 21:22
Поранешниот канцелар Хелмут Кол се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата на југозападот од земјата после хируршката интервенција, јавија денес локалните медиуми, а од неговата канцеларија соопштија дека се чуствува добро после двете операции на колкот.
Кол (85) во почетокот на мај имаше операција на колкот која помина добро, но подоцна се воспоставило дека е потребна уште една операција, поради која подолго време останал во болница, се наведува во соопштението, кое неговата канцеларија денес го објави како одговор на алармантните медиумски наводи за здравствената состојба на поранешниот канцелар.
„Во дадени околности, Хелмут Кол се чуствува добро“, стои во соопштението.
Германските медиуми претходно денес пренесоа, повикувувајќи се на информациите од околината на Кол, дека конзервативниот државник, познат како татко на германското обединување, е подложен на операција на стомакот на универзитетската клиника Хајделберг.
Весник „Шпигел“ наведува дека Кол се наоѓа на одделението за интензивна нега веќе три недели и дека е во „критична состојба“.
Кол, кој ја обавуваше должноста на канцелар од 1982 до 1998 година, го надгледувал мирно обединувањето на земјите после падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и крај на студената војна.
Сегашната канцеларка Ангела Меркел, која тој ја донесе во неговиот кабинет во 1991 важеше за негова штитеничка, но подоцна се сврте против него кога изби корупцискиот скандал во кој Кол бил замешан.
Кол во 2002 год. престанал активно да се занимава со политика, а однеодамна, после падот, во инвалидската количка, со парализирана вилица и намалена способност на говор, наведува француската агенција.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




