Поранешниот грчки премиер не дава да ја продадат Македонија
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2018 09:17
Поранешниот грчки премиер вели дека нема да дозволат да ја продадат нивната Македонија.
„Јас секогаш поддржував дека не можеме на Скопје да му го дадеме името Македонија, бидејќи едноставно, од тој момент сите, официјално ќе ги нарекуваат, не Северномакедонци, Горномакедонци, туку само Македонци, рече поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, во неговиот говор пред членовите на Комората во Кавала, на свеченото отворање на трговскиот и бизнис саемот во грчкиот град“, пренесе МИА.
- Договорот од Преспа, на Скопјаните и официјално од грчката страна им го дава името на Македонија и признавање на националност - наводни Македонци и признавање на македонски јазик и признавање на македонски идентитет. Односно им дадоа сѐ. И покрај вистинските несогласувања што постоеја во минатото за управувањето со прашањето од различни влади, ниту еден грчки политичар никогаш не прифати да се признае нација, јазик и идентитет Македонец. Никој, рече Самарас.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, поранешниот грчки премиер, а сега пратеник од Нова демократија истакна дека опозициската партија, „како што и има објавено нејзиниот лидер Кирјакос Мицотакис нема да гласа за ратификација, ниту како влада, ниту како опозиција“, а додаде и дека следните грчки влади ќе треба да се ослободат од обврските од Договорот од Преспа.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




