Поранешниот министер до сопартијците: Да најавиме дека остануваме во опозиција
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2020
Дури и да испаднеше како што најавуваа нашите и да добиевме 57 пратеници, формирање Влада ќе беше тешко. На изгубени избори, не е полесно, вели Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на ВМРО-ДПМНЕ за МКД.мк.
Попоски тврди дека толкувањето дека доколку не се брои една категорија гласачи, ВМРО- ДПМНЕ има подобар резултат, не е само во судир со унитарниот карактер на државата, туку и го руши идеалот на Илинденците, имиџот за нив во очи на исклучените, но и кон странците.
Вели дека следните чекори на неговата партија треба да бидат да се остане во опозиција.
„Минимум за тоа дека сме ја сфатиле пораката на гласачите е да се држиме до најавеното пред изборите. Во спротивно, следна рунда може дури и бетер да минеме. Ако и сега некој е изненаден, тогаш никој нема да биде. Веднаш да најавиме дека недвосмислено со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството, отколку да создаваме нереални надежи за да потоа ги разочараме дополнително по кој знае кој пат. Целосно ќе изгубат мотив, вели Попоски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.