29 Септември, 2024
0.0301

Поранешниот пратеник Михаил Пановски ја презеде компанијата Мист Енерџи Еко

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот пратеник и долгогодишен кадар на операторот на системот за пренос на електрична енергија МЕПСО, Михаил Пановски, ја презеде фирмата за прекугранична трговија со увозна струја Мист Енерџи Еко, која претходно со своето старо име со почетокот на енергетската криза имаше проблеми со отстапувањата кој ги влечеше од европската мрежа. Пановски за време на претходната власт беше член на Управниот одбор на МЕПСО како директор на подружницата Оператор на преносна мрежа.

Мист Енерџи,  една  од трите  компании  на која  и беше забрането тргувањето со електирчна енегија од Регулаторот и за која беше обелоденето дека има  долг кон МЕПСО од  1, 8 милиони евра за балансираната енергија, во меѓувреме формираше нова фирма со нов назив -  Мист Енерџи Еко Дооел, повторно стана активна  и продолжи со својот дел од бизнисот со струја.

Пановски не сакаше да даде изјава за „Фактор“, но рече дека новоформираната фирма која по втор пат го менува името, има чисти сметки и дека ќе продолжи да ги снабдува големите клиенти со електрична енергија на слободниот пазар штом ќе ја добие новата лиценца.

На крајот од минатата година од медиумите беше објавено дека вкупниот долг пак на Мист Енерџи, У Пауер и Енергија гас и Пауер кон МЕПСО изнесува 12, 2 милиони евра, пари кои преносниот систем има тешкотии да ги наплати и покрај активирањето на банкарските гаранции. МЕПСО и годинава се пожали дека има и натаму периодични отстапувања во помали размери.

Новата компанија ќе биде преименувана во „Блесм Поуер Плус“ со седиште во Скопје и со мешовит капитал. Покрај Пановски, сопственици се уште и Бетим Адеми од Струга и Елизабета Манева од Ѓорче Петров. Меѓу сопствениците се и имињата на тројца државјани од Албанија, поточно од Тирана.

Мист Енерџи Еко во текот на минатата година склучи голем број на договори за снабдување со државни институции и јавни претпријатија. Меѓу повеќемилионските договори во 2022 се и оние со АД Пошта, ЈП Исар, Тетовската болница, Национална радиодифузија, ЈП Железници - Инфраструктура и други.

Трговците во 2021 со почетокот на енергетската криза значителен дел од електричната енергија за своите клиенти ја обезбедија од системските резерви, односно ја испорачаа како балансна енергија, а за тоа МЕПСО им фактурираше вкупно околу 3,3 милијарди денари, или 55 милиони евра.

За Мист Енерџи, според претходни медиумски натписи,  е познато дека од 2013 е основана од извесниот Ивица Крстевски.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија