26 Ноември, 2024
0.0266

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА: Бугарија е губитник со ветото, ќе остане запишана во историјата како земја што ги запре преговорите

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Бугарија е губитник во сегашната ситуација и ќе остане запишана во историјата како земја што ги запре преговорите за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ, иако сакаше да биде лидер и да го води процесот на евроинтеграција на Западен Балкан, оценува поранешниот бугарски министер за надворешни работи Ивајло Калфин.

Во изјава за БНТ, Калфин вели дека бугарската позиција им одговара на други земји, кои исто така не сакаат да продолжи процесот на проширување на ЕУ, но ја користат Бугарија како изговор за тоа.

„Објаснувачкиот меморандум на Бугарија за нејзините проблеми со Македонија испратен до членките на ЕУ е несфатлив за повеќето Европејци и наместо да го постигне посакуваниот ефект, тој нè изолираше. Бугарското вето исто така ги зајакна антибугарските чувства во Скопје и додаде вода во воденицата на „србоманските кругови". Во моментов користиме француски клуч за да одвртиме завртка што се одвртува со шрафцигер“, наведува Калфин.

Софија, според него, треба да бара друга форма за решавање на билатералните прашања со Скопје.

Смета дека нема време да се постигне решение за тргање на ветотото до утрешниот Самит на ЕУ. Посочува дека бугарски владини претставници јавно кажале дека Софија ќе чека Македонија да почне да се однесува поинаку, а и македонскиот премиер Зоран Заев рече дека прашањето ќе остане за по изборите во Бугарија.

„Проблемот е во тоа што и ние и Република Македонија ризикуваме да се лизнеме по линијата на пропагандата и идеологијата што владеат со двете земји многу години. Историјата и јазикот се важни и властите треба да ги заштитат, но, сепак, бугарските аргументи се неразбирливи за европските партнери“, нагласува поранешниот шеф на бугарската дипломатија Ивајло Калфин.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик