29 Септември, 2024
0.0280

Поранешниот владин советник Андреевски формираше нова компанија: Ќе донесам поевтин гас во земјата

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот советник за енергетика и гасификација Митко Андреевски, формираше своја нова компанија „Гама Гас Трејд“, со која, како што вели за „Фактор“, ќе се обиде да понуди пониски цени на природен гас на пазарот во Македонија.

Компанијата ќе работи на национално ниво, регистрирана е со седиште во Кисела Вода, а Андреевски вели дека нема да работи со претпријатија поврзани со државата.

„Со либарилазацијата на пазарот се отвора можност за трговија со природен гас. Компанијата ќе биде дел од портфолиото на групација со која раководам и сега. 

 Во минатата година бевме сведоци на различни цени на природен гас за ист период. Тоа е причината за формирањето на Гама Гас Трејд која наскоро ќе започне постапка за добивање на лиценца од Регулаторната комисија за енергетика. Верувам дека со 15 годишното искуство во оваа област, можам да придонесам и да понудам поконкурентни цени со подобри бизнис модели од постоечките кои се на пазарот кај нас, пред се’ на индустријата, вели поранешниот владин советник.

Со либерализацијата, тој вели дека ќе тргува со природен гас кој ќе се носи од терминалите во Грција и преку гасоводот во Бугарија.

- Природниот гас ќе биде од слободниот пазар на природен гас во регионот, преку портовите за гас во Грција, секако и преку гасоводните системи на Бугарскиот оператор, изјави некогашниот советник на поранешниот премиер Зоран Заев.

Енергетскиот консултант кој беше дел од иницијативата да се инвестира во терминал за течен гас во Грција и градење на интерконектор меѓу Грција и Македонија, тврди дека ќе работи само со индустриски капацитети.

- Компанијата ќе се фокусира кон индустриските потрошувачи и ќе им понуди различини модели на договори за гас, нудејќи сигурност и ценовна предвидливост. Тие се единствени клиенти на гасоводната мрежа во Македонија досега, ни одговори Андреевски.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија