Пораст на откупот и продажбата на земјоделските производи
Објавено во: Агробизнис 10 Јуни, 2013 14:00
Вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во април годинава изнесува 692.365.000 денари и бележи пораст за 6,1 отсто во споредба со април лани, објави Државниот завод за статистика.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 23,1 отсто, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 7,3 отсто.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, индустриските, градинарските и фуражните растенија, живината и јајцата, млекото и рибата, додека намалување се забележува кај овошјето, алкохолните пијалoци, добитокот и млечните производи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





