18 Декември, 2025
0.0529

ПОРАСТ НА РСВ ИНФЕКЦИИТЕ КАЈ ДЕЦА И ТИНЕЈЏЕРИ: 83 малолетници годишно умираат од него само во Британија

Објавено во: Свет 05 Ноември, 2023 09:13

Добивај вести на Viber

Според официјалните податоци, се зголемува бројот на случаи на вирусот кој секоја година убива десетици деца, пишува Мирор.

Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија пријави зголемување на случаите на потенцијално смртоносниот респираторен синцицијален вирус, познат како RSV, за прв пат оваа зима. Ова води до околу 450.000 посети на лекар, 29.000 приеми во болница и 83 смртни случаи годишно кај децата и тинејџерите во Обединетото кралство секоја година.

Стапката на инфекција се зголемува, особено кај најмладата возрасна група. Минатиот месец беше објавено дека за само една недела имало зголемување од пет проценти на случаи кај деца под пет години.

Податоците на британската агенција за здравствена безбедност покажуваат дека тој пораснал на 8,7 отсто. Се додава дека стапката на позитивност на РСВ е највисока кај децата под пет години и изнесува 34,1 отсто.

Случаите со РСВ се чини дека следат сличен тренд како минатата зима, каде што имаше повеќе инфекции од вообичаено поради понискиот имунитет на луѓето предизвикан од ненапуштање од дома за време на карантин.

Симптоми, дијагноза, превентивни мерки

Симптомите на РСВ вклучуваат течење на носот, намален апетит, кашлица, кивање, треска.

Многу малите бебиња може да имаат различни симптоми од постарите деца и возрасните. Симптомите кај малите бебиња се: раздразливост, намалена активност, намален апетит, апнеја или прекин на дишењето за време на спиењето.

Се шири со капки. Повеќето луѓе со инфекција имаат благи симптоми, кои се слични на обичната настинка. Закрепнувањето трае две недели, меѓутоа, вирусот може да биде опасен за доенчињата, постарите лица и сите оние со ослабен имунитет.

Симптомите на инфекцијата може да бидат благи, како оние на обичната настинка, но некои пациенти може да имаат потешки симптоми и да развијат бронхиолитис (деца) и пневмонија (возрасни). Според експертите, 1 до 2 отсто од доенчињата кои имаат РСВ и се помлади од шест месеци треба да поминат одредено време во болница за лекување.

Заразеното лице е заразно три до осум дена. Кај малите деца и лицата со ослабен имунолошки систем, вирусот може да се пренесе и по четири недели, откако симптомите ќе исчезнат, пишува Еклиника.

Кога формата на вирусот е блага, лекарите не прават посебни тестови. За тешки форми на вирусот се прават брисеви од грлото и тестови на крвта. Во најтешките случаи се врши КТ скен и рендген на белите дробови. Во повеќето случаи, РСВ исчезнува без третман во рок од две недели. Во благи случаи, третманот има за цел да ги ублажи симптомите. Мерките за превенција и контрола на болеста се:

Хигиената е главната мерка за спречување на ширењето на РСВ. Научете ги децата како правилно да ги мијат рацете, секогаш да користат марамчиња и да кашлаат и киваат во лактот.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина