ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ: Се помалку ученици во македонските училишта
Објавено во: Македонија 20 Март, 2017 08:14
Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185 119 што претставува намалување за 1.7% во однос на претходната учебна година.
Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2015/2016 година изнесува 77 625 што претставува намалување за 5.1% во однос на претходната учебна година.
Во редовни основни училишта според јазикот на кој се изведува наставата на крај на учебната 2015/2016 година имало 119 550 ученици од македонски наставен јазик, 59 437 на албански, 5 591 на турски, 258 на српски и 283 на босански јазик.
За споредба, на крајот на учебната 2014/2015 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 188 361 што претставува намалување за 1.1% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2014/2015 година изнесува 81 788 што претставува намалување за 3.6% во однос на претходната учебна година.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




