30 Септември, 2024
0.0331

Порфирије: Oд се срце сакаме да се најде решение со братски, стрплив дијалог

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Патот до решението за МПЦ е меѓу Скопје и Белград, вели српскиот патријарх Порфирије во врска со догогодишниот спор меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и настојувањата прашањето да се реши преку Вселенската патријаршија.

Изјави дека состојбата на раскол, не е природна и одржлива и затоа од се срце сакаме да се најде решение со братски, стрплив дијалог.

„Секој разговор што може да создаде минимум можности за воспоставување на нарушеното единство на Црквата е благословен и ме радува, бидејќи тоа е уште една рана што ме боли мене и секој свештеник, епископ на Српската црква, па и многу верници. Секој раскол е рана на телото Христово, на Црквата. Во ова време кога стана пожелно да се оддалечат луѓето едни од други, кога на тоа за жал, му претходеше и дистанцирање меѓу помесните православни цркви, сегашните настојувања на ерархијата кој пребива надвор од единството ги гледам како знак на совест, знак на спознавање дека состојбата на раскол за нив не природна и одржлива. А ние овде во Пеќката патријаршија, српски владици, не само што не се откажуваме, туку со целосна одговорност за верниот народ во Северна Македонија, чија побожност, љубов кон Црквата Христова им е позната на сите, сакаме нарушено единство повторно да се воспостави“, вели поглаварот на СПЦ во интервју за Политика.

Повик за возобновување на дијалот со МПЦ, пред неколку дена упати и епископот бачки Иринеј, кој е духовен отец и еден од најблиските сoработници на патријархот Порфириј.

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО