Породилно отсуство од 18 месеци – Иницијативата тропна на вратата на Собранието
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2016
Иницијативата која ја покренаа околу 200 мајки затропа на собраниската врата.
Тие бараат породилното отсуство наместо девет да трае 18 месеци а како што велат согласно Законот за референдум, ги доставиле записниците за собраните потписи и барањето за измена на Законот за работни односи до претседателот на Собранието.
„Бараме измена на овој став, при што би се зголемило и најкраткото породилно отсуство кое е 9 месеци непрекинато за мајки со едно дете, а кои се во работен однос. Со усвојување на бараната измена, односно со продолжување на породилното отсуство на 18 месеци би биле опфатени сите мајки, а не само оние кои имаат близнаци, тројки…“, се наведува во нивното барање.
Оваа иницијатива наиде на голема поддршка и од страна на педијатрите кои исто така кои сметаат дека е од огромна важност мајката да биде со бебето што подолго.