05 Декември, 2025
0.0313

Порше Македонија и официјално назначен за импортер на брендот Porsche

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2013 13:31

Добивај вести на Viber

 Порше Македонија ДООЕЛ од овој месец, покрај официјалното импортерство за брендовите: Фолксваген, Ауди, Шкода и Фолксваген Комерцијални возила, стана и генерален увозник за возилата од гамата на светски престижниот бренд Порше.

Порше Македонија продолжува во остварувањето на својата цел-постигнувањето на потполно задоволство на клиентите. За нив секојпат го носи најдоброто а овој пат на дофат на раката  им го донесе и врвот на задоволството, возбудата, адреналинот и авантурата. За клиентите со префинет вкус ја донесе легендата која постојано освојува со својот фасцинантен стил и безвремен дизајн. Порше- синонимот за раскош, престиж и луксуз, новата дефиниција за иновација, ексклузива и прогресивност, сега и во нашиот салон.

-За Порше како бренд не треба многу да се зборува, неговата препознатливост е нешто кое само по себе зборува доволно. Моќни супер брзи спортски автомобили, со софистицирани системи во кои се вградени последните достигнувања на науката и техниката. Фантастичен дизајн, раскошни перформанси за бескрајно уживање во возењето, со еден збор - совршенство на четири тркала.Она што е уште поважно е дека во тек е проширување на сервисните капацитети што ќе значи комплетна услуга за целосно задоволство на клиентите. Едноставно треба да му создадеме достоен дом и на овој наш бренд. Предизвикот е голем бидејќи станува збор за многу значаен бренд од групациски аспект. И покрај синергиските ефекти, секако ќе бидат потребни и дополнителни инвестиции, но веќе се работи на конкретна реализација на сервисните и продажните капацити, кои очекуваме во најскор можен рок да профункционираат согласно сите корпоративни стандарди. Задоволството е големо и е вистинска потврда за нашето успешно работење,,- потенцираше Генералниот Менаџер г. Златко Муцунски.

Оваа година Порше слави 50 годишнина од претставувањето на култниот Порше 911 знаменосец на марката. Истиот веќе пристигна во Порше Македонија, а друштво во моделската понуда му прават и сите останати модели од гамата како добро познатиот луксузен SUV Cayenne, луксузната лимузина Panamera, спортскиот двоседCayman и неговата кабриолет варијанта Boxter  и наскоро помалиот компактен  SUV  Macan.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј