20 Декември, 2025
0.0550

Посетителите на „Sound. Time. Vision“ на Манаки Офф имаа ексклузивна можност да го преслушаат „МАКЕДОНИСИМО“ на Симон Трпчески пред официјалната македонска претпремиера

Објавено во: Мои пари 25 Август, 2022 15:51

Добивај вести на Viber

На аудио поставката Sound. Time. Vision на „Теохароваудио“, „Божиновски часовници и накит“ и „Каре“ посетителите имаа ексклузивна можност да го преслушаат новиот проект на Симон Трпчески „МАКЕДОНИСИМО“ чија македонска претпремиера ќе се случи во сабота во автентичниот амбиент на родното место на неговиот татко во с.Збажди, во струшка Малесија.

Посетителите во огромен број уживаа во звуците на најафирмираниот македонски пијанист и изведувач Симон Трпчески, како увертира на најавената претпремиера во живописното Збажди.

„Убаво е кога ќе се склопат енергиите и кога ќе создадат нешто неповторливо, како што е случајот со годинешната поставка на Теохаров Аудио која ја креиравме заедно со „Божиновски часовници и накит“ и „Каре“. Покрај тоа што успеавме да обезбедиме ексклузивни аудио матерјали кои тука беа преслушани за првпат, посетителите во текот на целата недела на одржувањето на фестивалот „Браќа Манаки“ имаа можност да уживаат во звуците на филмска музика компонирана за македонски филмови“, изјавија организаторите на Офф програмата на „Браќа Манаки“.

Покрај „МАКЕДОНИСИМО“ наТрпчески, посетителите уживаа и во звуците на музиката на браќата Тавитјан, Влатко Стефановски, како и во музиката од филмовите на најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски.

За неповторливото аудио искуство на посетителите се погрижи Теохаров аудио, додека совршениот амбиент во просторот е дело на „Каре“ дел од Смарт Ливинг групацијата, сето авкомпонирано во една пријатана „дневна соба“ во централниот дел на најрепрезентативното здание во Битола - офицерскиот дом, составена со високата естетика и креативност на „Божиновски часовници и накит“.

На последниот ден од поставката посетителите ќе имаат можност да се дел од претпремиерата на новиот албум на Крсте Роџевски, која со оглед на тоа дека ќе се презентира сеуште необјавен материјал ќе биде достапен исклучиво за ВИП гости – вистнски љубители на добриот звук. 

ГАЛЕРИЈА:

* ПР - објава


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии