19 Декември, 2025
0.0447

ПОШТА СЕ ПРАВДА ЗА ФРАПАНТНИТЕ 280 ВРАБОТУВАЊА - имале одлив на кадри

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2020 13:01

Добивај вести на Viber

Пошта се правда за фрапантните 280 нови вработувања на неопределено време, за кои институцијата распиша оглас. Велат дека тоа е неопходно заради одливот на кадар од Поштата, и дека овие лица досега биле ангажирани со договор на услуга, а на претходниот конкурс во октомври не биле примени, па сега се примаат, со цел да се обезбеди квалитетна услуга за корисниците.

„Имајќи предвид дека основната дејност на Пошта на Северна Македонија  како назначен давател на поштенски услуги на целата територија на Државата е достава на сите видови на поштенски пратки, а заради одлив на пошторазнесувачи по различни основи, Компанијата распиша оглас за вработување на 280 пошторазнесувачи.

Овој број на пошторазнесувачи во изминатиот период беше ангажиран со договор за услуга – договорен пошторазнесувач и не беше опфатен со последниот конкурс кога беа примени 80 шалтерски работници .

Неопходноста од прием на пошторазнесувачи е со цел, да се обезбеди давањето на универзалната поштенска услуга како услуга од јавен и економски интерес на целата територија на државата со утврден квалитет и пристапни цени за корисниците“, се вели во одговорот од Кабинет на генералниот директор во Пошта, Ејуп Рустеми, кој е на службен пат. 

Рустеми доаѓа од редовите на ДУИ, а Фактор го праша и дали не е спорно пред избори да има ваков голем број на нови вработувања во оваа државна институција, но на тоа прашање не добивме одговор. 

Фактор дојде до огласот, па го објавивме за читателите.

Ова не е прво вработување во Пошта. Во октомври лани беше распишан оглас за 80 нови вработувања, а директорот Рустеми тогаш ни изјави дека тие вработувања биле неопходни, бидејќи Пошта ја напуштиле многу вработени, што по основ на пензионирање, што по други основи. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар