Пошта како Мека за нови вработувања, ќе прими 80 луѓе - директорот тврди - биле неопходни
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2019 11:23

А Фактор веќе пишуваше дека, според одредени извештаи, Македонски пошти како давател на универзална услуга во поштенскиот пазар во Македонија, годишно губи по 100 вработени, иако не е децидно наведено за каков кадар станува збор.
Македонски пошти имаше ценовен монопол за пратките до 50 грама до истекувањето на минатата година, но либерализацијата беше одложена за уште една година, што значи дека ќе стартува од идната година. Државниот оператор има доминантна позиција од 94 отсто опфат на пазарот на поштенски услуги.
Стопанскиот сектор, Европската комисија како и Светска банка смета дека веќе е време да почне либерализацијата на поштенските услуги, која наместо на почетокот на годинава, се одложи четврта година по ред, овој пат од 1 јануари 2020. Се очекува дека таа ќе ја раздвижи конкуренцијата и ќе донесе значителни поволности за корисниците.
Забелешките на Европската комисија во делот на поштенската индустрија се барање целосна либерализација на поштенскиот пазар во државата и продолжување на јакнење на административните капацитети на регулаторното тело.
Пратките за кореспонденција (писма) опаѓаат кај универзалниот снабдувач постојано и од 44,3 милиони во 2014 спаднале на 33,3 милиони во 2018. Позагрижувачки е падот на услугата со пакети од 20 отсто. До 2018 Македонска пошта имаше стабилни 110,5 илјади пакети за една година за подоцна тој да биде само 88,5 илјади.
И од Агенцијата за пошти во својот извештај за 2019 го изнесуваат своето загрижување дека се намалува бројот на поштари во Македонија со што се влијае уште понегативно на поштенската услуга.
Секоја година во овој сектор на услуги влегуваат нови мали оператори, а лани имало дури шест старт-апи. Вкупниот број е 34 даватели на поштенски услуги, од кои 15 на цела територија, а 7 и за меѓународен сообраќај. Во приватниот поштенски сектор имало вкупно 830 работници
Во моментов има пад од 7 отсто во обемот на пратките кај Македонски пошти, додека приватните оператори бележат раст од 70 отсто.
( Н.Н.Ф.)Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




