02 Декември, 2024
0.1555

Пошумени 2 хектари со 4.000 садници во Коњаре

Објавено во: Агробизнис 01 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Јавното претпријатие „Македонски шуми“ денеска извршија пошумување во Коњаре. Пошумувањето е согласно Планот за чист воздух на Владата на Република Северна Македонија.

„Со овие активности придонесуваме за здрава животна средина, што е најбитно за квалитетен живот на граѓаните на Република Северна Македонија. Во наредниот период носиме низа мерки и политики, преку коишто ќе дадеме силна поддршка на секторот шумарство“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Денеска на оваа локација на површина од  2 хектари се засадија 4.000 садници од багрем, даб, јасен и аризонскичемпрес. Вакви акции за пошумување во текот на годината ќе се спроведуваат и согласно Програмата за проширена репродукција во рамки на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

„Ние се враќаме на нашите законски обврски за пошумување, согласно „Посебните планови за стопанисување со шуми”, за кои можам да тврдам дека се стручно извршени од наши вработени и што е најважно со сопствен расад од нашите расадници“, изјави директорот на ЈП Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев.

Во новата Програма за рурален развој, оваа година за мерката „Инвестиции за зголемување на економската на шумите“, се издвојуваат 30 милиони денари. Оваа сума ќе биде наменета за обновување на шумскиот фонд преку формирање на прореди, мелиорација на деградирани шуми, како и директна и индиректна замена на неквалитетната дрвна маса со нови висококвалитетни дрвни видови.

МЗШВ започнува сериозни реформи во шумарскиот сектор, со цел унапредување на шумите и шумарството во целина, преку ново финансирање за проширена репродукција на шуми, како и хармонизација на шумарската политика во рамките на процесот на приближување кон ЕУ. За ефикасна реализација на овие цели, МЗШВ има финансиска и техничка помош од ФАО, конкретно за развивање на методологијата за спроведување национален инвентар за шумите и ќе трае до крајот на година. Шумарството е влезено и во тригодишната програмска рамка на ФАО за Македонија. Дополнително, со европската ИПА 2019, за македонското земјоделство и руралниот развој планирани се 15 милиони евра, со кои за прв пат ќе се финансира и секторот шумарство. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.