20 Декември, 2025
0.1271

Пошумуваме заедно за позелено утре: „ДМ дрогерие маркт“ по повод 10 години успешно работење започнуваат проект за поздрава животна средина

Објавено во: Мои пари 17 Август, 2022 14:06

Добивај вести на Viber

„Главниот мотив за започнување на проектот ‘пошумуваме заедно за позелено утре’ лежи во стратешката определба, која постои уште од самото основање на нашата компанија ‒ да се грижиме за животната средина, а притоа да ги мотивираме своите вработени, како и други поединци и компании да го сторат истото, придонесувајќи кон создавање поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации. Не треба да го игнорираме фактот дека природата може без нас, но ние не можеме без неа. Должни сме да ги чуваме и да ги обновуваме природните ресурси, за да можеме соодветно да одговориме на сите предизвици што ни претстојат. Тоа, пак, сакаме да го направиме преку зачувување и обновување на шумите, кои се нашиот главен извор на кислород и симбол на животот”, изјавија од компанијата, најавувајќи го почетокот на проектот.

Пошумувањето оваа година ќе се реализира во ноември, на локација која е во непосредна близина на автопатот Миладиновци-Штип и е одбрана во заедничка соработка со стручните лица од ЈП Национални шуми и Факултетот за шумарство.

До самиот чин на првиот бран на пошумување, целта на компанијата е покрај  доброволното учество на вработените во компанијата, во проектот да се приклучат што повеќе еколошки свесни граѓани, институции и организации со кои ЗАЕДНО ЌЕ ПОШУМАТ нови зелени површини.

„Како и во сите други наши проекти, нашите купувачи се наши партнери”, изјавија од компанијата, образложувајќи ја започната активност со која купувачите со секој купен dm марка производ во периодот од 16.8 до 30.9.2022 донираат 1 денар за проектот.

„Во истиот овој период, како подготовка за деновите на пошумувањето, во соработка со Факултетот за шумарство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за образование и наука, активно ќе работиме на едукација на нашите купувачи, сограѓани и партнери од најмала возраст за важноста на зелените површини, начинот на посадување и понатамошно нивно одгледување”, додадоа од компанијата.

На денешната прес-конференција по повод започнувањето на проектот се обратија и Валентин Груевски - Директор на ЈП “Национални шуми” и проф. д-р Кирил Сотировски - Декан на Шумарски факултет во Скопје.

Дел од акцијата за пошумување на самата локација ќе можат да бидат сите доброволно пријавени лица, кои ќе имаат можност да се пријават online, преку комуникациските канали на компанијата, по дефинирањето на точниот термин за садење.

Со донирање на средства за нова опрема за ЈП Национални шуми, ДМ дрогерие маркт тежнее кон тоа проектот да достигне трајни вредности, кои од година во година ќе се облагородуваат.

Овој проект следствено ја продолжува определбата на компанијата за зачувување на животната средина, а во прилог на тоа говорат многу факти и активности:

·  Проширување на асортиманот со голем број еколошки производи, производи неутрални за животната средина, цврсти производи, како и органски и природни производи, производи со рециклирачки пакувања и без микропластика.

·  Проектот „Трајна торба за цел живот“, преку кој купувачите на ДМ дрогериите од 2015, еднаш купената памучна торба за пазарување, БЕСПЛАТНО можат да ја заменат за нова, при какво било нејзино оштетување.

·  Прва компанија која уште во 2019, со самоволна одлука ги повлече од промет пластичните кеси за една употреба.

Со започнување на овој проект, „ДМ дрогерие маркт“ уште еднаш ја потврди својата позиција како еколошки-одговорна компанија која постојано, преку разни активности вложува во зачувувањето на животната средина, со што влијае на подигнувањето на свеста за грижата за животната средина.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии