10 Октомври, 2024
0.0281

ПОСКАПАТА ГРАДИНКА ВО КАРПОШ ГИ НАЛУТИ РОДИТЕЛИТЕ: „Се надевам Карпош ќе преземе некои од трошоците како давање пари за поправка на прозори“

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Месечната цена за згрижување на децата во градинките во скопската Општина Карпош се зголеми за 500 денари, и наместо 1.490 денари како досега, ќе чини 2.000 денари.

Зголемувањето на цената беше изгласано на неодамнешната седница на Советот на Општина Карпош.

„Меѓу советниците, конечно беше постигнат потребниот консензус околу предлогот за зголемување на цените за згрижување и престој на дечињата во предучилишните установи на територија на Карпош. Имено, досега месечната претплата изнесуваше 1.490 денари, а отсега за целодневен месечен престој за дете до 6 годишна возраст ќе се плаќа 2.000 денари, а истиот месечен надомест ќе изнесува и за престој и исхрана на дете од 6 до 10-годишна возраст“, објави Општината на својата фејсбук страна.

Од општината поскапувањето го правдааат со зголемените режиски трошоци и континуираниот пораст на цените на прехранбените производи.

„Неопходна беше ваквата корекција на месечната партиципација во градинките, која ќе резултира со подобрување на квалитетот на услугите кои ќе ги добиваат најмладите карпошани“, велат од Општината.

Сепак родителите се налутија на оваа одлука, посебно затоа што во сите градинки на нивен товар се и материјалите за работа, хигиенските препарати, а во некои градинки се оди дотаму што се бараат пари за преправка на прозорци, мабавка телевизори и клима уреди.

Токму затоа со коментар се огласи младата актерка и мајка Ирена Илиевска, која со статус на фејсбук објасни што се се барало од неа откако детето и оди во градинка.

Искрено се надевам дека со ова поскапување на партиципацијата(од 1490 на 2000ден.), од општина Карпош ќе преземат и дел од редовните трошоци кои им се "доделуваат" на родителите, меѓу кои се, верувале или не:

-поправка на прозор или купување и монтирање нов прозор("за да не ви мрзнат децата")

-средства за хигиена(влажни марамици, тоалетна, сапуни итн) -телевизор(донација од родителите), -собирање средства за подлоги за седење ("за да не ви седат на под децата")

-задолжителна годишна уплата за материјали(боички, листови, блокчиња...)

Зависно од тоа кое "штравче ќе прочкрипи", тука сме ние родителите, сложно да донираме и да го поправиме 

Искрено се радувам што конечно општината ќе води сметка за сето тоа(или барем за еден дел), со цел, како што е наведено, цитирам: "...подобрување на квалитетот на услугите кои ќе ги добиваат најмладите карпошани!" 

А се до тогаш и се додека се работи за наши деца, ние родителите ќе поправаме прозори и ќе донираме се што е потребно. Нели?“ напиша таа на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

СТРАЗБУР: Во Бугарија недостасува свест за малцинските права

СТРАЗБУР: Во Бугарија недостасува свест за малцинските права

ИМА РЕШЕНИЕ ЗА МЕТЕЖОТ НА ТАБАНОВЦЕ: Системот со едно застанување ќе почне и суштински да функционира на почетокот на идното лето

ИМА РЕШЕНИЕ ЗА МЕТЕЖОТ НА ТАБАНОВЦЕ: Системот со едно застанување ќе почне и суштински да функционира на почетокот на идното лето

(ВИДЕО) ПРАТЕНИК ОД „ВРЕДИ“: Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава

(ВИДЕО) ПРАТЕНИК ОД „ВРЕДИ“: Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава

ГИ ОТРУЛ ТИНЕЈЏЕРИТЕ СО „ТЕРГАТОЛ”, „ЗАПИРА” И „ДИЈАЗЕПАМ”: За скопјанецот од Козле има обвинение за излагање на опасност и тешки дела против здравјето на деца

ГИ ОТРУЛ ТИНЕЈЏЕРИТЕ СО „ТЕРГАТОЛ”, „ЗАПИРА” И „ДИЈАЗЕПАМ”: За скопјанецот од Козле има обвинение за излагање на опасност и тешки дела против здравјето на деца

Вештачката интелигенција во две важни области, работната сила и здравството: МАСИТ ја организира 19. годишна конференција

Вештачката интелигенција во две важни области, работната сила и здравството: МАСИТ ја организира 19. годишна конференција

„Адеми имаше прес-конференција против својот поддржувач кој стоеше до него“: Минчев за укинатиот „балансер“ ги потсети ДУИ дека самите поддржале промена

„Адеми имаше прес-конференција против својот поддржувач кој стоеше до него“: Минчев за укинатиот „балансер“ ги потсети ДУИ дека самите поддржале промена

„ЗЕМЈАТА НА КОЈА И Е ПОГАЗЕНО ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА КОМИСИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ООН“: Би сакала да аплаудирам, вели Ванковска

„ЗЕМЈАТА НА КОЈА И Е ПОГАЗЕНО ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА КОМИСИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ООН“: Би сакала да аплаудирам, вели Ванковска

ВРХОВНИОТ СУД ГО ВРАТИ ВО ЖИВОТ „ТАЛИР“ - ќе продолжи судењето за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

ВРХОВНИОТ СУД ГО ВРАТИ ВО ЖИВОТ „ТАЛИР“ - ќе продолжи судењето за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА - ќе бидат изградени над 500 нови станови

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА - ќе бидат изградени над 500 нови станови