Добивај вести на Viber
Во наредните денови се очеку пченицата и пченката да поскапат во Србија, поради влијанието на кризата во Украина на светските пазари, тврди Жарко Галетин, директор на новосадската Продуктна берза.
Сеуште неможе да се прецизира колку точно ќе биде скокот на цената на житарките, но според него сигурно во одреден период ќе достигне 10 отсто, а кога тоа ќе се случи, а потоа и ќе запре зависи од Украина и од светските пазари.
-Цените на пченката растат од ден на ден и на Продуктната берза во Нови сад, а нешто слично ќе се случува и со пченицата во наредниот период, вели Галетин.