05 Декември, 2025
0.0356

Поскапуваат цигарите

Објавено во: Агробизнис 01 Јули, 2013 20:39

Добивај вести на Viber

Од идниот месец ќе почнат да поскапуваат цигарите. Измените на Законот за тутун беа изгласани собранието, а сега тутунските компании треба да пресметаат за колку денари ќе ги покачат цените. Ао законските измени се укинува надоместокот за тутунски добра, но надоместок преку комбинирана акциза со ист фискален ефект ќе плаќаат фирмите кои произведуваат или увезуваат производи од тутун. Овие фирми ќе плаќаат по 0,15 денари од парче за секоја произведена или увезена цигара односно по 3 денари за кутија цигари. За секоја произведена или увезена пура ќе се плаќа 10 денари од парче. Растат и  казните за компаниите фирмите и поединците. Од 15 до 20.000 евра ќе плаќа правното лице ако врши производство на тутун без да склучи договор за производство и откуп со откупувачот. Казната важи и ако фирмата не употребува семенски материјал од откупувачите на тутун, ако процената ја врши проценувач кој нема лиценца, но и ако пушта во промет цигари кои на пакувањата немаат податоци за содржината на катран.  Казната за  одговорното лице е од 2 до 3.000 евра. Според законот, акцизата постепено ќе се зголемува во наредните 10 години, а од 1 јули 2016 до 1 јули 2023 ќе изнесува 0,20 денари по парче за секоја цигара. Од 1 јули следната година, заклучно со 1 јули 2023 година, износот на акциза на тутун за пушење како фино сечкан тутун ќе се зголеми за 50 денари по килограм во секоја година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?