05 Декември, 2025
0.0309

ПОСКАПУВАЊЕ НА БРАШНОТО: Како да се амортизира цената?

Објавено во: Агробизнис 23 Септември, 2014 09:43

Добивај вести на Viber

Големи трошоци и скапа увозна пченица, мелничарите се во пресметки за колку денари да ја зголемат цената на брашното, за да се спасат од банкрот а истовремено да формираат цени пристапни за поторшувачите. Засега сеуште не е познато колку ќе поскапи брашното, но нагорните корекции на цените се неизбежни, велат мелничарите. За да не дојде подраматични поскапување, тие бараат од ресорното министерство намалување на големината на контролните маркици за брашното и олеснување на постапката за увоз на пченица.
- Нашите барања се да се намали големината на дел од контролните маркици кои беа воведени на наше барање со цел да се намали нелегалната конкуренција, и второто барање е да се овозможи побрз проток на увозот на печница, бидејќи  во моментов мелничарите се соочуваат со недостиг на квалитетна пченица која мора да се увезе. Забрзувањето на процедурата е во поголед на земањето на мосри, за да може на тој начин увезувајќи квалитетна пченица да се продолжи со откуп на нашата пченица која е со послаб квалитет и да добиеме добар квалитет. И двете барања влијаат на цената на брашното, бидејќи ние бараме да увеземе пченица која е поскапа од нашата, но аналогно на тоа ќе земеме и домашна пченица која е поевтина и кога ќе се земе збирната цена ќе добиеме производ со добар квалитет и цена, вели Николчо Ѓорѓиев-претседател на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската Комора на Македонија.
Мелничарите од министерот за земјоделство Михаил Цветков, добиле уверување дека барањата ќе бидат разгледани ќе се најде начин да се надминат. Мелничарите и лани  предупредија дека маркиците се добри за контрола на пазарот и увозот,  но и тогаш побараа  да се намали цената на маркиците  за брашното и предупредија дек адоколку не дојде до намалување, ќе бидат принудени да ја зголемат цената на брашното. Во меѓувреме на светските берзи цената на квалитетната пченица секојдневно расте, а на пазарот расте побарувачката за пченица. Мелничарите велат дека цела Европа поради штетите од дождовите се соочува со недостиг од квалитетна пченица, поради што и цената постојано расте. Во зависност од каде се набавува, еден тон квалитетна пченица чини од 160 до 200 евра. Македонија најмногу пченица увезува од Србија, која исто така годинава има недостиг од квалитетна пченица, поради што цените се драстично зголемени.На домашене терен поради дождовите количински има доволно пченица но е не со добар квалитет, па за да се добие квалитетно брашно мелничарите домашната пченица мора да ја мешаат со поквалитетна пченица од увоз. Токму поради тоа мелничарите велат дека поскапувањето на брашното е неизбежно.
- Поскапувањето не зависи само од македонската пченица тоа е светски тренд на зголемување на цената на добрата пченица, аналогно на тоа може да се случи и поскапување на брашното. Оваа година нашата пченица е со подобар квалитет за разлика од лани, само сеуште не е доволно добра за да може да искористи како сама во производството на брашно кои би ги задоволило потребите на пекарската и кондиторската индустрија.За жал и Србија се соочува недостиг на квалитетна пченица и во тоа е проблемот. Ние баравме да ни се овозможи малку побрз влез на увозната пченица, малку порелаксирани состојби на границите, за да можеме да увеземе поквалитетна пченица која ќе ја користиме за целата година. Квалитетната пченица е поскапа која се користи како подобрувач на производот, другата која не е квалитетна е поевтина. Ние ќе увезуваме нормално од поквалитетната онаа која се користи како подобрувач, оти имаме наша пченица по прифатливи цени од 9 до 11 денари за килограм, со увозната заедно ние ќе добивме производ прифатлив и по квалитет и по цена. Зголемување на цената на брашното ќе има, но нема да биде драстично, вели Ѓорѓиев.
Порастот на цената на брашното ќе повелече и зголемување на цената на лебот и белите печива. Минатата недела компанијата Жито Лукс го поскапе лебот за еден денар. Најверојатно истото ќе го сторат и другите пекарски компании. Засега не е познато за колку денари ќе поскапе брашното и какви корекции на цените на лебот и белите печива ќе направат и другите пекарници кои веќе ги прават пресметките. Дождовите го полегнаа житото Временските услови на почетокот беа поволни за пченицата и се очекуваше добра и квалитетна жетва. Но со почетокот на поројните дождовите, земјоделците веќе беа свесни дека квалитетот нема да биде на високо ниво.
- Честите врнежи зависно од сортата може негативно да влијаат врз пченицата во однос на квалитетот. Моментално кавлитетот на пченицата е подобар од минатата година, но сепак не е толку добар колку што очекуваме на почетокот. Имаше појава на болести во април и во мај, кои во некои региони уништија дел од житото. Во однос на количините повторно нема да бидат колку што очекувавме, но сепак повеќе од лани, изјави во периодот кога траеше  жетвата, професорот Дане Бошев од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Врнежите придонесоа и за полегнување на житото и потемнување на зрното, но земјоделците искористија еден период кога немаше врнеже па ја заврсшија жетвата. Но сега  во прашање е доведена и есенската сеидба.
- Проблем е сега следната реколта, прашање е колку ќе можат земјоделците  да ја совладаат преголемата влага во почвата за да можат навреме да ја подготват почвата за претстојната есенска сеидба, ако се има во предвид дека 15 октомври се оптималните рокови за есенска пченица. Во моментов истекуваат роковите за седиба на маслодајна репка, афионот кој се помалку го има.Она што останува сега е подготовка на површините за есенска седиба, за кои се сомневам дека ќе бидат квалитетно изведени поради влагата, вели агрометерологот Ангелко Ангелески.
Годинава пченицата е засеана на околу 100.000 хектари од кои се очекува производство од 300.000 до 330.000 тони. Просечните приноси се движат од 3 до 3,5 тони од хектар. Од друга страна, производството на брашно во земјава, според податоците, се намалило од 180.000 тони во 2011 година, на 60.000 тони во 2012 година. Најмногу брашно се увезува од Србија, од каде што покриваме околу 80 отсто од домашните потреби. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?