ПОСКАПУВАЊЕ на цигарите во Македонија
Објавено во: Македонија 12 Април, 2018 11:43
Дел од цигарите што се продаваат во маркетите низ Македонија поскапеа. Според информациите кои ги објави порталот Прес24, ако сакате да купите кутија Марлборо, од денес ќе треба да платите 10 денари повеќе.
Речиси секоја година, периодот март-април е препознатлив по тоа што започнуваат првите покачувања на цените на цигарите како подготовка за зголемувањето на акцизата која секоја година се случува на 1 јули.
Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун предвидува зголемување на цената на цигарите секоја година за најмалку 4 денари до 2023 година што би значело дека со вакво темпо, одредени брендови може да се продаваат и до 200 денари.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




