После Нова Година и кај нас ќе се продава ивермектинот - ЗАБРЗАНО СЕ РАБОТИ НА ОДОБРЕНИЈАТА НА НЕКОЛКУ БОЛНИЦИ И ВЕЛЕДРОГЕРИИ
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2020
Агенцијата за лекови МАЛМЕД за околу два до три дена ќе ги издаде потребните одобренија за лекот ивермектин, кои веќе стигнале до неа од неколку болници и веледрогерии од земјава.
Ова за Фактор го потврди првиот човек на Агенцијата за лекови, Лирим Шабани.
Тој вел дека фактот што до Агенцијата стигнале барања за увоз и набавка на овој лек, е добра вест, бидејќи неговата ниска цена беше причина тој да не биде исплатлив за економските оператори. Колку точно се пријавени компании за набавка на лекот не се знае, но се вели дека станува збор за неколку оператори.
Шабани објаснува дека откако пристигнале барањата, сега е неопходно да се завршат сите потребни законски процедури за издавање на одобренијата, како и да се обезбедат сите потребни документи и сертификати, постапка што е доста комлицирана. Сепак, директорот на МАЛМЕД вели дека нивните вработени се целосно ангажирани на овој случај и очекува дека ќе се успее за два до три дена, односно до крајот на годинава, да се издадат одобренијата.
Откако ќе се издадат одобренијата, тука завршува обврската на МАЛМЕД како регулатор, и останува на билниците и веледрогериите да ги увезат лекот.
„Откако ќе ги издадеме одобренијата, нашата обврска завршува, и останува на болниците и веледрогериите да ги набават, односно тие ќе треба да ги увезат потребните количини во земјава. Останува на нив да го увезат овој лек. Дали тоа ќе биде од Турција, Грција или Бугарија, останува нивни избор. Затоа не може со сигурност да се каже кога во земјава ќе стигнат првите количини од лекот. За нас беше битно економските оператори да достават барања, кои претходно ги немаше бидејќи лекот не е исплатлив, а ние да ги издадеме одобренијата, што искрено очекувам дека како постапка ќе заврши во следните два до три дена“, вели Шабани.
Како што е познато, лекот ивермектин не се произведува во Македонија, а досега не е ниту регистриран. Од тие причини се оди на овој интервентен увоз лекот.
Инаку, ова следува откако Комисијата за заразни болести даде позитивно мислење дека лекот иверметктин може да се користи за лекување на пациенти болни од ковид 19.
Лекот влезе и во протоколите за лекување на Пулмологија, што ќе важат и за ковид центрите во интернистичкиот блок.
А во меѓувреме, граѓани кои се болни од ковид и особено оние чија клиничка слика е потешка или се работи за нивни блиски со посериозни симптоми, преку социјалните мрежи го бараат овој лек, односно прашуваат каде и како може да се набави, а се интересираат и за тоа кога ќе почне неговата официјална продажба во земјава.
Некои од граѓаните на овие прашања одговараат дека лекот го има во некои наши аптеки, а ги упатуваат и кај ветеринарите, со оглед што всушност станува збор за лек кој се употребува во ветеринарната медицина.
Доктор Дејан Докиќ, директор на Клиниката за Пулмологија, вчера, гостувајќи на една телевизија, кажа која ќе биде предноста од конзумирањето на ивермектинот, кој се препорачува во битката со Ковид 19.
„Во австралиска студија, ставиле вирус во клетки, на кои подоцна е капната одредена доза на Ивермектин, со што е покажано дека е намалена концентрацијата на вирусот. Многу брзо се очекува овој лек да пристигне на македонскиот пазар. А, она што е препорачано, е на три пати да се конзумира по 12 милиграми, со што ќе се намали концентрацијата на вирусот и опасноста од болничко лекување“, посочи д-р. Докиќ.
Досегашни студии покажале дека ивермектин за 5.000 пати во рок од 24 часа го спречува размножувањето на овој вирус. Но како што предупредува др. Докиќ, колку и да е безбеден, овој лек не е волшебно стапче и граѓаните не треба да го пијат на своја рака, туку за него ќе им треба лекарски рецепт, дали од матичен лекар или од специјалист.
Инаку, ивермектинот е стар и евтин лек, но тој се смета за нова надеж за македонските граѓани болни од ковид 19.
Според доктор Докиќ, примената на овој лек ќе значи скратување на времетраењето на болеста, намалување на симптомите и спречување на смртноста.
Инаку, лекот чини 12 евра од кутија, но многу граѓани го набавуваат лекот од Грција, за 1.200 денари.
Ивермектин е лек кој постои одамна, бил даван во Австралија, Индија, Багладеш, Египет,
каде што покажал добри резултати.
Нина Нинеска-Фиданоска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.