ПОСЛЕДИЦА НА ПАНДЕМИЈАТА: Индустријата во Кина трпи штети
Објавено во: Економија, Корона Вирус 15 Јуни, 2020
Пандемијата на коронавирусот нанесе сериозна штета на индустријата во Кина, а стапката на раст е под очекувањата.
Индустриско производство во мај скокна за 4,4 отсто во однос на истиот месец лани, но стапката на раст е помала од очекуваната, покажуваат официјалните пресметки, објави „Ројтерс“.
Аналитичарите кои се анкетирани од британската агенција предвидувале раст од 5. отсто на годишно ниво.
Во мај поголем број претпријатија почнале со работа, која претходно беше запрена поради вонредните мерки воведени кон крајот на минатата година поради коронавирусот.
Инвестициите во приватниот сектор кои учествуваат со 60 отсто во вкупните вложувања, се намалиле за 9,6 проценти од јануари до крајот на мај.Коронавирусот се појави лани во Вухан, а потоа се прошири на сите континенти.
По два месеци, Кинезите повторно имаат рестриктивни мерки.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.