ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ПРЕД ЦЕЛОСНО ЗАТВОРАЊЕ: Војската е распоредена на улиците во Црна Гора
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 05 Март, 2021
Црна Гора е пред затварање. Распоредена е војска по улиците и ова е последно предупредување пред целосно затворање.
Владата објави видео со кое ги повикува граѓаните да ги почитуваат епидемиолошките мерки. Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ повика на затворање на границите на земјата за сите кои немаат негативен ПЦР тест, поради сериозно лошата епидемиолошка состојба. Конечна одлука сè уште не е донесена за ова прашање. Претседателот нагласи дека имунизацијата мора да се забрза. Слично е и во Србија. Здравствените власти во Србија предлагаат заострување на режимот за справување со епидемијата на коронавирусот, која последните денови добива интензитет, според бројот на новозаболените лица. Лани Црна Гора прогласи победа над коронавирусот, но тоа беше само првиот бран, а потоа следуваше влошување. Во Црна Гора повеќе од 1.000 луѓе починаа од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.