ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ ОД АМСМ: Каква е состојбата на патиштата ширум земјава?
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2017 17:17
Последните ажурирани информации од Автомото сојузот на Македонија од 17:12 часот велат дека на повеќето патишта во земјава сообраќајот е нормализиран и се одвива во отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег.
Блокада за сообраќај од 16:45 часот има на магистралниот пат А3 Ресен-Битола-Прилеп, кај м.в.„Баир“ . Овој патен правец според информациите се пренасочува низ центарот на градот.
Што се однесува до патниот правец Свети Николе-Куманово кој беше во прекин поради снежни наноси од 04:50 часот е прооден за сите видови возила а сообраќајот на магистралниот пат А-3 с.Крупиште-Штип е нормализиран во двата правци.
Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кочани – граничен превој Делчево.
На планинскиот премин Плетвар, како и на патните правци Маврово – Дебар и Прилеп – Витолиште сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила е забранет сообраќај за тешки товарни возила а поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце .
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




