Поставени видео камери на пругите
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2012 15:27
Во последните две години, крадци ја оштетиле македонската железницата за 600 илјади евра. Се краде се и сешто, од уреди, кабли, па до железо. МЖ-Инфраструктура, постави камери на Коридорот 10, односно од Табановце до Гевгелија во должина од 220 километри, заради заштита од кражби на сигнално-сигурносните телекомуникациски постројки.
„До сега имаме инсталирано 140 камери. Продолжуваме со втората фаза која подразбира исто така голем број на камери. Целата инвестиција е некаде 10 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот“, изјави директорот на МЖ - Инфраструктура Ирфан Асани. Камери се поставени на 67 објекти од кои 23 железнички станици, 23 објекти каде се сместени сигурносно-сигналните уреди и телекомуникациските уреди., 11 објекти со уреди за контактна мрежа и 10 куќички каде се сместениуреди за патните премини. Мониторингот се прави на две места и тоа за делот Табановце-Велес во Скопје во центарот во Трубарево, а за делот од Велес до Гевѓелија, мониторингот ќе биде во Велес. Македонски железници имаат 926 километри пруга, 51 железничка станица, 80 патни премини, 850 километри бакарни кабли, 350 километри отптички кабел.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




