Поставување на регионална платформа за алтернативни инвестиции во соработка со KGAL Group
Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2017 16:49
Заваровалница Триглав на 2-ри февруари, 2017-та година потпиша договор со КGAL Beteiligungsverwaltung GmbH (во продолжение KGAL Group),за основање на компанијата ТРИГАЛ, Љубљана. Со основањето на нова компанија, Заваровалница Триглав д.д. започнува проект за поставување на нова регионална платформа, наменета за алтернативни инвестиции. Компанијата располага со капитал во висина од еден милион евра, од коишто основачкиот влог на Заваровалница Триглав е во висина од 499 илјади евра.
Целта на платформата е обезбедување средства од институционални инвеститори и нивно вложување во разни проекти, како што се недвижности, инфраструктурни проекти и други алтернативни инвестиции и тоа првенствено во регионот Адриа. Проектот се спроведува заедно со високо реномираната германска групација KGAL, којашто ја избра Заваровалница Триглав за партнер за влез во регионот Адрија. Групацијата KGAL управува со средства во висина од приближно 22 милијарди евра. Оваа групација на германскиот и на останатите европски пазари нуди услуги на компаниите за осигурување, пензиските фондови и на институционалните инвеститори. На инвеститорите им нуди долгорочна, конзистентна инвестициска политика, со акцент на квалитетот на услугите, за што сведочат и нивните резултати. Стратешкото партнерство со KGAL Group е дел од најавуваната пракса на Групацијата Триглав, за соработка со компании, коишто со своите специфични познавања и искуства можат успешно да го дополнат нејзиниот деловен модел.
Новата компанија ќе обезбедува советодавни и оперативни услуги за своите инвеститори и ќе ги организира нивните вложувања во разновидни фондови. Поставувањето на регионалната платформа за алтернативни инвестиции е дел од стратешките насоки на Групацијата Триглав до 2020-та година, дополнително да се зајакне дејноста на управување со средства, како втор столб на работење во регионот Адрија.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




