19 Декември, 2025
0.0436

Жито Маркети реализираше уште една донација за ранливите категории

Постелнини и средства за хигиена за децата од СОС Детско село

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2016 15:01

Добивај вести на Viber

Жито Маркети, еден од најбрзорастечките малопродажниланци во земјава, денеска ги израдува децата од СОС Детско село. Тимот на Жито Маркети донираше постелнини, перници и средства за хигиена за седумдесетина дечиња од СОС Детското село.

„Со овој наш скромен придонес, се обидуваме да им обезбедиме убави сништа на децатаод СОС Детското село. На овој начин, нашата компанија ги продолжува општествено-одговорните активности, за најдиректно да им помогнеме и да ги подобриме условите за живот на најранливата категорија - децата, односно, онаму каде што оваа помош е и најпотребна. Ние ќе продолжиме со ваквите активности и во иднина, како и до сега, секаде каде што за тоа ќе се појави потреба, за специфичните и ранливи категории.”, изјави Стојанче Тодороски, административно - технички директор на Жито Маркети.

Во моментот, воДетското село Скопје сезгрижени 69 деца, на возраст од две до 18 години, за кои што се грижат дванаесет СОС мајки и соработници за грижа на млади. Преку превентивните програми на СОС Детското село Скопје се поддржани уште 150 деца во социјален ризик. 

„Со вложувањето во заедницата се подобрува угледот и имиџот на претпријати-јата во полето на општествена одговорност. Компанијата Жито Маркети е истакната и призната општествено корисна компанија, традиционално спроведу-ва проекти за подобрување на квалитетот на живеење на различни категории на лица во ризик. Благодарни сме што оваа година се одлучија да ја поддржат нашата организација. Тоа на некој начин е и признание и доверба за СОС Детското село, препознавање на нашата мисијаза градење семејства за деца во ризик“, изјави Александра Ивановски, директор на програми во СОС Детско село Македонија.

СОС Детско село Македонија е дел од големото семејство на меѓународната организација СОС Детски села интернационал. Главната дејност е насочена кон поддршка на деца без родители и родителска грижа, деца и семејства во социјални ризици, како и активности за застапување и лобирање за подобрување на квалитетот на грижа и превенцијата во полето на социјалната заштита.

На пригодната церемонија на предавањето на донацијата, претставниците на Жито Маркети нагласија дека приоритет на компанијата, како општествено одговорен субјект, е подобрување на условите и квалитетот на живеење на загрозените категории граѓани во Република Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии