18 Декември, 2025
0.0603

ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР - „Фајзер“ ќе ги намали цените на лековите на рецепт за Американците

Објавено во: Свет 01 Октомври, 2025 09:57

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека фармацевтската компанија „Фајзер“ ќе ги намали цените на сите лекови на рецепт за Американците со ниски примања кои се дел од програмата „Медикејд“.

Како дел од договорот, компанијата ќе продава нови лекови по најповолни цени какви што важат во другите развиени земји, во замена за изземање од новите увозни давачки.

 Трамп најави дека очекува и другите производители на лекови да го следат примерот.

Американските пациенти плаќаат трипати повеќе за лекови на рецепт отколку во други развиени земји. Трамп долго време врши притисок врз фармацевтските компании да ги усогласат цените со меѓународните стандарди.

Лековите на „Фајзер“ ќе бидат достапни преку новата интернет-платформа на Белата куќа „TrumpRx“, која ќе почне да функционира во 2026 година. 

„Со ова завршува времето кога САД ја субвенционираа здравствената заштита во остатокот од светот“, изјави Трамп на настан во Овалната сала, заедно со директорот на „Фајзер“ Алберт Бурла и министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор.


На 25 септември Трамп најави воведување 100 отсто царина на увоз на брендови или патентирани фармацевтски производи, освен за компаниите што ќе изградат фабрики во САД.

„Фајзер“ е првата компанија која постигна договор со администрацијата. Во јули, Трамп им испрати писмо на 17 најголеми фармацевтски компании со барање да достават планови за намалување на цените до 29 септември. 

„Фајзер“, која произведува во САД и во странство, најави инвестиција од 70 милијарди долари во истражување, развој и домашно производство, за што доби тригодишно изземање од царините. 

Фото: Принтскрин/Икс

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина