13 Мај, 2024
0.0284

„ПОСТОЈАТ РАЗЛИКИ МЕЃУ ПРЕСМЕТАНАТА ПАРТИЦИПАЦИЈА И ВИСИНАТА НА НАПЛАТЕНИТЕ ПРИХОДИ ОД ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ВО ВИСИНА ОД 3.971 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ“: Еве што вели ревизијата на ДЗР за Клиниката за очни болести

Објавено во: Македонија 19 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Финансиските извештаи на две сметки на Клиниката за очни болести за 2022 година се прикажани објективно и вистинито и тие се во согласност со релевантните закони и воспоставената пракса, утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во најновиот Ревизорски изшвештај што го објави денеска. 

Сепак, ревизорите констатирале дека постои несразмерен однос помеѓу бројот на реализирани редовни и итни прегледи, разлики помеѓу пресметаната партиципација и висината на наплатените приходи од здравствени услуги, но и несоодветна примена на Законот за јавни набавки при постапките на спорведувањето на јавните набавки.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на две сметки на Универзитетската клиника за очни болести за 2022 година. Во првата која се однесува на сметката за пари од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на пациентите во цената на услугата и други пари од сопствени приходи, ревизорите изразиле мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантните закони за 2022 година.

„Со ревизијата е утврдено дека постојат разлики помеѓу пресметаната партиципација и висината на наплатените приходи од здравствени услуги во висина од 3.971 илјади денари. Клиниката има и ненаплатени побарувања од Министерството за здравство за извршени здравствени услуги за здравствена заштита во износ од 3.580 илјади денари“, пишува во Ревизорскиот извештај на ДЗР.

Според ДЗР финансиските извештаи на Клиниката за очни болести се прикажани објективно и вистинито и тие се во согласност со релевантните закони и воспоставената пракса.

Што се однесува до сметката на оваа клиника за финансиското работење со пари од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ревизорите изразиле мислење без резерва за објективноста и вистинитоста на финансиските извештаи но и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со законите релевантни во 2022 година.

„Со извршената ревизија е утврдено дека во дел од спроведените јавни набавки постои несоодветна примена на Законот за јавни набавки, за обезбедување на 24 часовна здравствена дејност Клиниката вовела дежурства но за истите не обезбедила согласност од Министерството за здравство и дека постои несразмерен број на реализирани редовни и итни прегледи, што влијае на еднаквата достапност на здравствените услуги кои ги дава клиниката“, пишува во Извештајот на ДЗР.

Ревизорите уште забележале за начинот на лекување на дел од пациентите со лекови кои не се на позитивната листа, а за кои се обезбедува условен надоместок од ФЗОМ. Во Извештајот уште се наведува дека Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на рботното време при Министерството за здравство не се воспоставени во целост.

Од ДЗР информираат дека Клиниката за очни болести не дала забелешки за овој Ревизорски извештај и дека за надминување на утврдените состојби, Заводот дал препораки до одговорните на Очната клиника.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ КАБИНЕТОТ НА ДАВКОВА: Претседателката има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име

СЕ ОГЛАСИ КАБИНЕТОТ НА ДАВКОВА: Претседателката има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име

„ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ ГРИЖЕЛА ЗА ПАЦИЕНТИ, СЕГА НЕА И Е ПОТРЕБНА ГРИЖА“: По доживеан мозочен удар, на докторка од Охрид и требаат пари за лекување

„ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ ГРИЖЕЛА ЗА ПАЦИЕНТИ, СЕГА НЕА И Е ПОТРЕБНА ГРИЖА“: По доживеан мозочен удар, на докторка од Охрид и требаат пари за лекување

Лога: Силјановска Давкова да ја повтори заклетвата како Барак Обама

Лога: Силјановска Давкова да ја повтори заклетвата како Барак Обама

ЧОМОВСКИ ЗА НАСТАПОТ НА ДАВКОВА: Треба да ги респектира не само тие 560 илјади граѓани кои гласале за неа, туку и тие 1.450 илјади кои не гласале

ЧОМОВСКИ ЗА НАСТАПОТ НА ДАВКОВА: Треба да ги респектира не само тие 560 илјади граѓани кои гласале за неа, туку и тие 1.450 илјади кои не гласале

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи – Можно е невреме, додека температурите ќе бидат под просекот за средината на Мај

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи – Можно е невреме, додека температурите ќе бидат под просекот за средината на Мај

ИНТЕРВЈУ ВЕЛКОВСКА: Претставување на Интерсекцијата помеѓу Искуството на клиентите (CX) и Искуството на Вработените (EX) на претстојната Конференција “FIRESTARTER 24”!

ИНТЕРВЈУ ВЕЛКОВСКА: Претставување на Интерсекцијата помеѓу Искуството на клиентите (CX) и Искуството на Вработените (EX) на претстојната Конференција “FIRESTARTER 24”!

„ОВА НЕ Е МОЈАТА ЕВРОПА, И САМИТЕ ШВАЈЦАРЦИ СЕ ЗГРОЗЕНИ ОД СВОЈОТ ПРЕТСТАВНИК“ - професорот Трајко Славески многу се разочара од Евровизија

„ОВА НЕ Е МОЈАТА ЕВРОПА, И САМИТЕ ШВАЈЦАРЦИ СЕ ЗГРОЗЕНИ ОД СВОЈОТ ПРЕТСТАВНИК“ - професорот Трајко Славески многу се разочара од Евровизија

ЦЕЛ СВЕТ ПИШУВА ЗА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: „Предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва“, пишува Политико

ЦЕЛ СВЕТ ПИШУВА ЗА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: „Предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва“, пишува Политико

СЕ ОГЛАСИЈА МНР И БУЈАР ОСМАНИ: Избраните функционери да внимаваат, земјава продолжува да ги почитува Уставот и стратешките договори

СЕ ОГЛАСИЈА МНР И БУЈАР ОСМАНИ: Избраните функционери да внимаваат, земјава продолжува да ги почитува Уставот и стратешките договори