ПОТЕГОТ НА ТРАМП „УДАР“ ЗА ВРЕДНОСТА НА ЕВРОТО - прв пат по долг период, и берзите под силно влијание
Објавено во: Финансии 14 Јули, 2025 11:54
Еврото падна на најниско ниво во раните утрински часови, додека доларот малку зајакна откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе 30 проценти царини за увоз од ЕУ и Мексико почнувајќи од 1 август.
Ова е прв пат во подолг период како паѓа вредноста на еврото, кое долг период беше „најмоќната“ валута.
Дополнително и европските берзански индекси денес се претежно во пад, а цените на нафтата, златото и пченицата пораснаа.
Денес во 9:30 часот наутро, индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,88 проценти на 24.047,90 поени, францускиот CAC 40 за 0,55 проценти на 7.786,09 поени, московскиот MOEX за 0,27 проценти на 2.633,42 поени, додека лондонскиот FTSE 100 порасна за 0,15 проценти на 8.953,75 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна за 0,63 проценти на 44.371,51 поени, индексот S&P 500 за 0,33 проценти на 6.259,75 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,22 проценти на 20.585,53 поени.
Европските фјучерси за гас за август беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 35,6 евра за мегават-час.
На пазарот на криптовалути, биткоинот достигна рекордно високо ниво и ја надмина границата од 120.000 долари, додека инвеститорите очекуваат долгоочекувани регулаторни победи за индустријата оваа недела.
Најголемата криптовалута во светот последен пат се тргуваше со раст од 2,6 проценти на 122.248,59 долари, додека етерот порасна за 2 проценти на 3.052 долари, објави Ројтерс.
Трамп ги објави новите тарифи во саботата во одделни писма до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и мексиканската претседателка, Клаудија Шајнбаум, кои беа објавени на неговата социјална мрежа „Truth Social“.
И Европската Унија и Мексико ги опишаа царините како неправедни и дестабилизирачки, додека ЕУ соопшти дека ќе ја продолжи суспензијата на контрамерките за американските царини до почетокот на август и ќе продолжи да се залага за договор.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




