ПОТЕШКО ОДОШТО СЕ МИСЛЕШЕ: Мерц вели дека справувањето со економските предизвици е голем потфат
Објавено во: Економија 25 Август, 2025 13:41
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека справувањето со економските предизвици на земјата се покажува како многу поголем потфат отколку што првично очекувал, пренесе „Страитс тајмс“.
„Го кажувам ова и самокритички - оваа задача е поголема отколку што некој можеби замислувал пред една година“, рече Мерц во говорот во северниот германски град Оснабрик на 23 август. „Не сме само во период на економска слабост, туку сме во структурна криза на нашата економија.“
Европската индустриска сила и најголем извозник се бори со постојано високи трошоци за енергија по руската инвазија на Украина и превирањата околу американските трговски тарифи. Податоците објавени на 22 август покажаа дека германската економија се намалила во вториот квартал за повеќе од првично проценетото.
„Најдоцна до оваа недела, никој не треба да има илузии за тоа колку се длабоки и далекусежни предизвиците со кои се соочуваме“, вели Мерц.
Тој го посочи падот од 36 проценти на заработката на „Фолксваген“ во вториот квартал по оданочувањето како само „една од многуте пораки“.
„Големи делови од нашата економија повеќе не се навистина конкурентни и тоа е прашање на ценовна конкурентност“, рече Мерц, без да именува фирми. „Квалитетот е сè уште добар и раководителите на компаниите ги препознаваат овие предизвици. Но, основните услови во Германија едноставно не беа доволно добри во последната деценија“.
Откако ја презеде функцијата во 2025 година, вети сеопфатни реформи насочени кон намалување на бирократијата, модернизирање на инфраструктурата и стимулирање на домашната побарувачка. Неговата влада планира стотици милијарди евра инвестиции за патишта, мостови и вооружени сили за да се зголеми продуктивноста.
На 23 август, тој ги истакна новите даночни олеснувања за деловните инвестиции и го повтори своето противење на зголемувањето на даноците за средните компании.
Тој исто така, призна дека американските царини од 15 проценти за германскиот извоз ќе бидат товар за економијата, иако предупреди дека отворената трговска војна со Вашингтон можеше да биде многу полоша.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...





