24 Октомври, 2024
0.0245

Потпишан протоколот за доделување стипендии Борис Трајковски за постдипломски студии на Сити колеџот во Солун за академската 2017/2018 година

Објавено во: Мои пари 29 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, министерот за образование и наука, г-а Рената Дескоска и директорот на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, Сити колеџ, лоциран во Солун, Република Грција, г. Јанис Верверидис, вчера го потпишаа протоколот за соработка, за доделување 20 стипендии „Борис Трајковски“, за вонредни двегодишни постдипломски студии на Програмата за бизнис-администрација, МБА, за академската 2017/2018 година.

За академската 2017/2018 година се доделуваат стипендии за насоките: општ менаџмент, маркетинг, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси.

Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20те најдобри кандидати кои ќе се пријават на конкурсот за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација, МБА, на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ, лоциран во Солун, Република Грција. Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на оваа програма и изнесува 14.890 евра при што педесет проценти обезбедува Владата на Република Македонија, а останатите педесет Сити колеџот.

Стипендиите се доделуваат како дел од успешната соработка меѓу Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Од 2003 година, заклучно со академската 2016/2017 година се доделени повеќе од 180 стипендии. Стипендиите Борис Трајковски даваат одлична можност за кандидатите да ги надградат својот талент, знаења и вештини на еден од најпрестижните универзитети, рангирани на светско ниво.

Сити колеџот лоциран во Солун, Република Грција е еден од шесте факултети во рамките на Универзитетот Шефилд и единствен кој е надвор од Обединетото кралство. Меѓународниот факултет има четири катедри и покрај кампусот во Солун, академските програми ги нуди во Софија, Белград, Букурешт и Киев.

Повеќе информации во врска со објавениот конкурс за стипендиите Борис Трајковски за за академската 2017/ 2018 годинасе достапни на www.stipendii.mon.gov.mk додека рокот за аплицирање е 21 јули 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

„Макпетрол“ ја пушти во употреба обновената бензинска станица во Гостивар

„Макпетрол“ ја пушти во употреба обновената бензинска станица во Гостивар

Промоција на „Бубрег и бременост“ од проф. д-р Билјана Герасимовска

Промоција на „Бубрег и бременост“ од проф. д-р Билјана Герасимовска

Високо признание од „Јагуар Ленд Ровер“ за фабриката на Костал во Охрид

Високо признание од „Јагуар Ленд Ровер“ за фабриката на Костал во Охрид

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа

ЕДУКАТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“ СТИГНАА ДО ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

ЕДУКАТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“ СТИГНАА ДО ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

Прва конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Back to business - Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“

Прва конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Back to business - Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“

IQOS караванот на нова локација, во Куманово

IQOS караванот на нова локација, во Куманово

Започнува „ProBiz Superpowers“ серијалот на настани за млади претприемачи на ПроКредит Банка и ЕБОР

Започнува „ProBiz Superpowers“ серијалот на настани за млади претприемачи на ПроКредит Банка и ЕБОР

Премиум исто како тебе! Нова Mastercard World Debit картичка од УНИБанка АД Скопје

Премиум исто како тебе! Нова Mastercard World Debit картичка од УНИБанка АД Скопје