(ФОТО) Потпретседателот на СДСМ Зеќири сподели фотографија како ужива во татковството
Објавено во: Стил 02 Март, 2020 09:31
Пред скоро две недели Мухамед Зеќири стана татко на ќеркичка а колку е голема радоста што ја чувствува тој сподели на социјалните мрежи.
Првата фотографија од новородената ќерка Зеќири ја објави на Фејсбук, а на неа се гледа малото раче на Далиа Нани како ја држи раката на татко си.
„Далиа Нани Зеќири. Љубов. Живот.“ - напиша пратеникот од редовите на СДСМ покрај фотката.
Зеќири во ноември минатата година стапи во брак со поранешната директорка на ТВ Алсат М, Бисера Јордановска.
Можеби ќе ве интересира
Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино




