Потрагата по исчезнатото момче во Преспанското езеро запрена поради ветер и бранови
Објавено во: Македонија 03 Август, 2020
Запрена е потрагата по исчезнатото момче во Преспанско езеро поради временските услови.
Скоро 24 часа траеше потрагата по16-годишното момче.
Засега потрагата е прекината поради влошените временски услови со ветер и бранови, јави Сител.
Потрагата ќе породолжи утре со засолување од единицата за специјални задачи.
По момчето трагаа нуркачи од повеќе градови од Македонија, како и полициски специјалци.
Несреќата се случила вчера околу 18 часот, кога три момчиња се возеле на педалинка. Нејасно е како едното момче паднало во езерото. Нуркачите кои беа вклучени во потрагата велат дека ниту едно од момчињата не било пливач, а не носеле ниту заштитни елеци.Исчезнатото момче е од околината на Ресен.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.