06 Јули, 2024
0.0331

ПОТРЕСНА ИСПОВЕД на таткото на удавените бегалци: „Човештвото потона, Европа занеме од срам“!

Објавено во: Свет 03 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Вчерашната слика на безживотното тело на малиот Сириец, кој морето го исфрли на брегот на Турција, направи светот едноставно да замолчи. Тажно и трагично заврши животот на тригодишниот Ајлан Курди, како и неговиот две години постар брат Галип. Дечињата се удавија заедно со нивната мајка Рехан. Абдулах Курди, татко и маж, остана сам и скршен од болка.

deca-udavljena_ff

Семејството Курди се наоѓаше на пренатрупаниот криумчарски брод кој се преврте на пат кон грчкиот остров Кос, во меѓународните води на Грција и Турција.

Фотографијата на малиот Ајлан, чие безживотно тело кое водата го исфрли на брегот на Бодрум, турски полицаец го носи во раце го прикажува целото страдање на бегалците од Блискиот исток, но и негрижата на поголемиот дел од Европа.

Фотографиите се проширија како молња на социјалните мрежи со ознака на Твитер  #KiyihaVuranInsanlik - на турски во слободен превод „потона човечноста“.

Otac

-Мојата жена и моите ве момчиња повеќе ги нема ...Јас... не знам каде и што ќе правам. Жалам што не се удавив со нив - едвај зборувал Абдулах пред британските репортери.

Семејството Курди избегало од Кобане од ужасот кој го правеле припадниците на Исламската држава. Надежта за подобар и пред се помирен живот ги водела само во еден правец - кон Европа.

Алјан и Галип, кои родителите во последен момент ги извлекле од семејната куќа и качиле на криумчарскиот брод, биле само по тенки маички. Го понеле она што го имале на себе. Кога бродот се превртел во текот на ноќта, без спасувачки елеци, момчињата немале никакви шанси да преживеат.

На чамецот кој се превртел имало 17 лица, со двајцата мали и нивната мајка се удавиле уште 10 лица.

deca-udavljena-1_ff

Нивниот татко Абдулах имал сестра во Ванкувер, Канада. Таа се обидувала да ги донесе кај неа, но канадските власти не и дозволиле. Затоа за семејството Курди постоел само еден избор  - да се обратат кај криумчарите и да пробаат да дојдат до Европа.

Еден од патниците, Омер Мошин, вели дека платиле 2050 евра по лице, и дека на малите чамци се наоѓале 175 лица.

На бродот максимално може да се качат 10 лица. Ние бевме 15. Мојот брат Бакир се удави - рекол Омер.

За жал, ниеден од 12 чамци не успеал да дојде до брегот.

Алијан, Галип и останатите жртви од чамците се црн биланс на бегалците кои се удавија од повеќе од 2500, и тоа само во 2015 година.

Можеби ќе ве интересира

ЛУЃЕ ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ОТКАЖАТ ЛЕТОВИТЕ: Сѐ помалку им веруваат на авиокомпаниите, еве кој е главниот виновник за овој колапс

ЛУЃЕ ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ОТКАЖАТ ЛЕТОВИТЕ: Сѐ помалку им веруваат на авиокомпаниите, еве кој е главниот виновник за овој колапс

УРНЕБЕСНО! МАРК ЦУКЕРБЕРГ ПИЕ ПИВО И СУРФА, ИЛОН МАСК ПРИГОВАРА: „Преферирам да работам“- еве како го прославија 4 јули

УРНЕБЕСНО! МАРК ЦУКЕРБЕРГ ПИЕ ПИВО И СУРФА, ИЛОН МАСК ПРИГОВАРА: „Преферирам да работам“- еве како го прославија 4 јули

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Зошто ураганите стануваат поуништувачки и поопасни?

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Зошто ураганите стануваат поуништувачки и поопасни?

ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание

ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание

ДВЕ ЛИЦА СЕ ИСКАСАНИ: Ајкула нападна луѓе во Тексас

ДВЕ ЛИЦА СЕ ИСКАСАНИ: Ајкула нападна луѓе во Тексас

ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи

ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Орбан ја даде првата изјава од Москва: Од фотелја не се постигнува мир

Орбан ја даде првата изјава од Москва: Од фотелја не се постигнува мир