Потрошувачите да ги читаат декларациите кога купуваат храна
Објавено во: Мои пари 28 Март, 2013 15:24
Означувањето, безбедноста и чувањето на храната, рокот и датумот на производство, како и нутритивните својства на продуктите се уште се најчестите поплаки на потрошувачите по пазарењето. Сепак, тие мора да посветат поголемо внимание кога го прават изборот иако притоа, особено е значајна и одговорноста на трговците во малопродажната мрежа зашто стојат зад понудата.
Ова беше речено на денешната конференција во Тетово по повод почетокот на кампањата „Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната“.
Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, минатата година се доставени околу 130 претставки од граѓаните најмногу околу нехигиената, изминатите рокови и несоодветните декларации на пренрамбрените производи. Притоа во сите случаи каде што биле констаирани прекршувања на Законот за заштита на храната се преземени соодветни санкции и се поднесени прекршочни пријави.
Рунтевски и директорката на Организацијата на потрошувачи на Македонија Маријана Лончар ја нагласија потреабата од поголема информираност и едукација на граѓаните кога станува збор за храната.
- За таа цел ќе организираме трибини во девет градови низ Македонија. Изготвени се и соодветни брошури со сите неопходни информации за безбедноста на храната. Ќе бидат посетени и повеќе маркети низ државата за на терен да се сретнеме со потрошувачите, да го чуеме нивното мислење и да видиме колку во продажната мрежа трговците се придржуваат кон Законот за безбедност на храната, рече Рунтевски.
Целта на кампањата е потрошувачите да се информираат за безбедноста на храната, означувањето на адитивите, ГМО, алергените, нутритивните состојки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





