ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Бектеши задоволен како тече мерката
Објавено во: Економија 21 Септември, 2023
Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека контролите на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, кои стартуваа од вчера, ќе продолжат до крајот на ноември, а секоја недоследност која граѓаните ќе ја забележат треба да ја пријават во ДПИ, вели министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој е задоволен од тоа како досега се почитува владината одлука за поевтинување на прехранбените производи од страна на трговците, објаснувајќи дека од идната недела ќе се намалат за минимум десет проценти и цените на пијалоците.
„Повеќе од задоволен сум од тоа што вчера се случуваше во секторот трговија, посебно од компаниите и сите синџири маркети, но и од производителите и дистрибутерите. До денешниот ден, пред оваа посета, добивме неколку писма од наши производители, генерално на минерална вода, сокови и на светло пиво, кои од наредната недела ќе почнат со намалување на цените од минимум десет отсто, намалување директно од страна на производителите, имајќи предвид дека немаме намера да донесеме некое ограничување во делот на синџирите супермаркети платите зашто генерално годинава главниот товар беше врз нив“, рече Бектеши кој денеска беше во посета на еден маркет.
Според Бектеши, нови ограничувања за супермаркетите ќе нема и затоа што некои од нив ги зголемуваат платите, а тоа се пресликува и во објавата на Заводот за статстика, дека е зголемена просечната плата за 14,1 отсто во споредба со јули минатата година.
На прашањето дали Министерството е запознаено со информациите дека производителите на месо не ги доставуваат свежите производи до маркетите за да може да го продаваат во своите продавници без издавање фискална сметка, министерот рече дека Владата носи одлуки кои се задолжителни за секторот трговија во што е вклучено и месото.
„Имајќи предвид дека освен задолженија за ланците супермаркети или во делот на малопродажбата, во владината Одлука има задолженија и за добавувачите и производителите. Утрово имавме дополнителна координација со ДПИ кој од вчера попладне веќе вршеше контроли. Во моментот се во тек различни контроли и тоа ќе продолжи до крајот на ноември. Ако граѓаните забележуваат дека вакви работи може да се случуваат, да пријават во Инспекторатот и согласно законските одредби и задолженијата што ги добиле, тие ќе постапат и за нив ќе следи тоа што е предвидено во законските прописи“, рече Бектеши.
Во однос на намалувањето на добивката која трговците ќе ја имаат по поевтинувањето на производите, од менаџментот на КАМ беше кажано дека пресметките се уште не се направени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.